ЗА УКРАДЕНИ ПАРИ ОД ЕУ МАКЕДОНСКИТЕ СВИРКАЧИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ВО БРИСЕЛ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:579:"“ВопрашањеемногуголемакорупцијаидојавувачитенаинформацииимаатволјададојдатвоБриселидасведочатзазлоупотребанаевропскитефондови.Немадасеоткажеме.Имамесвиркачииќедејствуваме”,изјавипосредникотвомеѓупартискитепреговориПитерВанхауте,чијмандатистекуванакрајотодовојмесец

    ЗА УКРАДЕНИ ПАРИ ОД ЕУ МАКЕДОНСКИТЕ СВИРКАЧИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ВО БРИСЕЛ

    Скопје, 23 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Укажувачите на криминал или таканаречените свиркачи ќе пријавуваат злоупотреби на пари од европски фондови во Брисел. Посредникот во меѓупартиските преговори Питер Ванхауте, чиј мандат истекува на крајот од овој месец, во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека постојат сведоци што се подготвени да кажат и оти до 40 отсто од парите во ИПА фондовите треба да се враќаат во кеш поради незаконско користење.

    “Во прашање е многу голема корупција и можам да кажам дека дојавувачите на информации имаат волја да дојдат во Брисел и да сведочат за злоупотреба на европските фондови. Нема да се откажеме. Имаме свиркачи и ќе дејствуваме”, изјави Ванхауте.

    peter vanhoute

    Ја гледаме играта зад одлуката на Уставниот суд, но таа нема да ги избрише криминалите. Тие се тука, нема да исчезнат и да не постојат утре. Меѓународната заедница нема да заборави и да се прави дека работите се нормални. – Питер Ванхауте

    Ванхауте вели дека меѓународната истрага е неопходна да се расветлат и расчистат случаите, за што веќе се почнати и одредени активности.

    “Истрагата не е важна само за оваа држава, туку и за меѓународната заедница. Ние имаме право да знаеме каде и како се трошат нашите пари во оваа држава. Јасни се случаите на перење пари и на корупција”, смета Ванахуте.

    Според него, одлуката на Уставниот суд за измена на Законот за помилување е всушност обид да се избрише Специјалното обвинителство, кое треба да ги спроведе овие истраги за криминални активности.

    “Ја гледаме играта зад одлуката на Уставниот суд, но таа нема да ги избрише криминалите. Тие се тука, нема да исчезнат и да не постојат утре. Меѓународната заедница нема да заборави и да се прави дека работите се нормални. Ова е скандалозно и треба да и се даде поддршка на специјалната обвинителка за да ги спроведе истрагите соодветно, не само во земјата, туку и надвор од неа”, вели Ванхауте.

    Тој најави дека од наредниот месец ќе продолжи да работи како независен експерт во земјава, заедно со група експерти и претставници од невладиниот сектор. Фокусот нема да бидат изборите, туку спроведување на итните реформи во судството, образованието и во јавната администрација.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари